Бугарин уапсен за верижниот судир кај Солун

Грчките власти објавија дека привеле еден бугарски државјанин, под сомнение дека е виновен за тешката сообраќајна несреќа, која се случи вчера во близина на Солун, а во која четири лица загинаа, додека 20 се тешко повредени, јавуваат тамошните медиуми пренесува Нетпрес.

Според првичните информации станува збор за возачот на камионот кој ја предизвикал трагедијата, во која беа оштетени 40 воизла.

Грчките полицајци соопштиле дека сеуште не се идентификувани загинатите, но според првичните податоци живото го загубиле двајца мажи и две жени. Меѓу повредените, пак, има и едно четиригодишно дете, кое е во тешка состојба.

Сообраќајката се случила на патот, кој ги поврзува градовите Солун и Верија (Бер).

Околу 40 возила учествувале во несреќата, која се случила откако камионот силно удрил во еден автомобил, кој излетал во спротивната лента и директно се судрил со неколку други возила. По несреќата, бугарскиот државјанин бил во состојба на шок. Во својата изјава во полициска станица тој рекол дека немало знаци на патото дека се вршат градежни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.