Бугарите на „дизел туризам“ во Македонија

Бугарите тргнаа на „бензински туризам“ во Македонија. Причината за тоа е различната цената на горивата на бензинските станици од двете страни на границата. Литар дизел во Бугарија чини нешто над два лева, а во Македонија се продава за околу 1,5 лева, објави бугарската Нова телевизија.

Пртиоа се посочува дека патот од Софија до Скопје е 240 километри и за да се помине просечно се потребни 15 литри дизел.

– Доколку тргнете од Софија за Скопје за тоа ви се потребни околу 30 лева, доколку пак одите во спротивен правец ќе ви бидат доволни 15. Колку повеќе ќе го наполните резервоарот со дизел, толку поголема ќе ви биде разликата во пари. Тоа објаснува зошто многу возачи од пограничните реони се одлучуваат да наполнат гориво во Македонија по пониски цени. Граѓаните од Ќустендил и Ѓуешево многу често полнат гориво на бензинските станици во Крива Паланка и Куманово, се посочува во веста што ја пренесува бугарскиот информативен сајт dnes.bg.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.