среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 42

Бугарите одат на забар и по бензин во Македонија

zabi

Последни вести

Се поголем број Бугари стоматолошките услуги ги користат во Македонија, бидејќи им е два до три пати поевтино. Најблиска дестинција им е Делчево.

Бугарскиот весник „Стандарт“ пишува дека за мост, четири пломби и вадење заб во Бугарија се плаќа 1000 лева, а во Делчево сето ова чини 400 лева.

Растојанието од Благоевград до Делчево е 38 километри така што, како што наведува весникот, оваа стоматолошка екскурзија изгледа добро дури и да се пресмета горивото за возилата. Дури за стоматолошките услуги во Делчево се плаќа во бугарски левови.

Бугарите исто така одат во Македонија да набават и бензин поради различната цена на горивата од двете страни на границата. Така, според бугарската „Нова теелвизија“ литар дизел во Бугарија чини нешто над два лева, а во Македонија се продава за околу 1,5 лева.

Пред неколку години Благоевград беше привлечна дестинација за стоматолошки туризам за странците, особено за Грците, но сега работите се сменети. Сега, редовни клиенти во грчките аптеки се Бугарите каде многу лекови набавуваат по намалени цени.

Најчитани вести