Бугарите воодушевени од Љубчо Георгиевски за Илинден и за тоа што плука по ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер на Македонија и бивш претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека нема никаков спор за бугарскиот карактер на Илинденското востание и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на политиката на Лазар Колишевски, објавува софиската новинска агенција „Фокус“, пренесува НетПрес.

Во текстот на бугарскиот медиум се вели дека ставот на Георгиевски предизвикал бран на различни коментари во медиумите во Македонија.

Се создава впечаток дека поголемиот дел од медиумите со задоволство го цитираат напишаното на Георгиевски, без при тоа да се впуштат во коментар, кој очигледно нема да задоцни многу, и ќе биде од името на т.н. македонски историчари, кои пак допрва ќе го докажуваат македонскиот карактер на Илинден, неговата улога за современата македонска држава и претседателството на Георгиевски, кој освен што потпиша Декларација за добрососедство, зема и бугарски пасош, својот син го крсти Лев и од Љупчо стана Љубчо, секако според нормалните книжевни форми, пишува во текстот на бугарскиот медиум.

Понатака се дополнува со објаснување за тоа што всушност напишал Љубчо Георгиевски, „освен неколку непријатни, за ВМРО-ДПМНЕ, вистини за кои во Бугарија компетентен е секој матуриран гимназијалец“:

  • Организацијата, кој го подготви и го објави Илинденското востание е Бугарски Македонско-Одрински револуционерски комитет, и уставот напишан од Гоце Делчев и од Ѓорче Петров предвидува во него да членуваат само егзархиски Бугари.
  • Писмената кореспонденција на револуционерната организација е извршувана единствено на бугарски јазик.
  • Сите раководители на организацијата биле или егзархиски учители или бугарски офицери и тоа се однесува за Гоце Делчев, Дамјан Груев, Пере Тошев, Ѓорче Петров и Борис Сарафов.
  • Финансиската и воената помош на востанието е дадена од Бугарија, каде всушност и се подготвуваат и организираат четите.
  • Името на комитетот го содржи и „Одринско“, кое значи територија по Црноморското крајбрежје, а Гоце Делчев бил инспектор на четите, како во Македонија, така и во Одринско.
  • Избувнувањето на востанието на Илинден и Преображение било координирано и поставено под заедничко раководство, кое ги определило датумите на востаничките акции.

Освен историскиот поглед врз бугарскиот карактер на Илинденско-Преображенското востание, бившиот премиер во чија влада сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, беше министер за финансии, прави една особено важна паралела меѓу политиката, спроведувана од сегашното ВМРО-ДПМНЕ и дејноста на Лазар Колишевски во првите години по 1944 година.

Според Георгиевски, пишува „Фокус’, „колишевската политика на ВМРО-ДПМНЕ го прави неопходниот Договора за добрососедство и го почнува полуветото за Бугарија, а сегашниот премиер Зоран Заев ги отклучува процесите, кои претходната македонска власт со умисла ги доцнеше“.

На крајот од својот текст бугарски „Фокус“ објаснува за животот и делото на Лазар Колишевски.

Поранешниот комунистички деец на Југославија, Лазар Панев Колишев или Лазар Колишевски, се смета за главен спроведувач на политиката на дебугаризација на Македонија во периодот по завршувањето на Втората светска војна, кога ги добива функциите секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, премиер на Социјалистичка република Македонија и претседател на Президиумот на Народното собрание. Роден е во Свети Николе, пораснал во српски сиропиталишта, отпорот против фашизмот го поминал во во затвор во Плевен и тврдел дека е „родољубив и патриотски настроен Бугарин“. Во негово време, во кус период, без судење и пресуда репресирани се десетици илјади Бугари од Македонија – градоначалници, обштински советници, учители, бивши офицери, индустријалци, некогашни војводи од Илинденското востание, за „соработка со бугарскиот окупатор и престапи против Југославија“.