Бугарка се самозапали пред зградата на претседателот

Триесет и осумгодишна жена попладнево се запали пред зградата на претседателот на Бугарија во Софија, сооопшти Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи дека слични драми во оваа земја се случија и минатата 2013 година.

Жената се здоби со тешки изгореници, но остана жива, сооопштија од болница.

Во моментов не се соопштува нејзиниот идентитет, а не се знае ниту причината за самопалењето.

zena-bg

Просечната плата во Бугарија изнесува 400 евра, а секое петто домаќинство живее под прагот на сиромаштијата. Според неодамнешните испитувања, 69 отсто од Бугарите сметаат дека состојбата во земјата е „неподнослива“.

Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и мај 2013 година, шест лица го загубија животот, а тоа главно го изведоа во знак на протест против политичката корупција и скапиот живот.