Бугарки краделе во автобус, заработија затворски казни

Поднесена е кривична пријава, за два одделни случаи, против лицето Ѓ.С. (65) од Скопје, како и против лицата И.М.Е. (21) и М.Ј.Г. (57), бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле џебни кражби.

Како што информира МВР, на пријавениот Ѓ.С. од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од осум дена, во вториот случај за двете бугарски државјанки Судија на претходна постапка  на истите им одреди мерка една година затвор, условно за три години, протерување и забранет влез во РМ во времетраење од 10 години.

Според документираните сознанија во првиот случај Ѓ.С. кривичното дело го извршил околу пладне на подрачје на Центар, на автобуската постојка наспроти хотелот “Холидеј Ин“, на тој начин што искористувајќи ја гужвата при качување во автобус и невниманието на оштетениот, со протнување на рака во џеб од палтото му го одзел мобилниот телефон, со што се стекнал со имотна корист во висина од околу 3.000 денари. Но пријавениот веднаш по извршувањето на кривичното дело  е забележан од страна на инспектори од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар по бил приведен во  ПС ОН Центар, каде со потврда  украдениот мобилен телефон бил одземен и  вратен на оштетениот. Инаку Ѓ.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна  на СВР Скопје во период од 2008 до 2014 година поднесени му се осум кривични пријави

Во вториот случај, на 14.06.2016 година околу пладне, во автобус кој се движел на релација од автобуската постојка кај  Зелен пазар до автобуската постојка кај “Рекорд“, горепријавените И.М.Е. и М.Ј.Г. го забележале оштетениот и искористувајќи ја гужвата во автобусот и  невниманието на оштетениот, се доближиле до него, и додека второпријавената се туркала во оштетениот со цел да му го одвлече вниманието, првопријавената со протнување на рака во левиот џеб од пантолоните  му го украла  паричникот  со пари и лични документи, стекнувајќи се со противправна имотна корист во висина од околу 5.000 денари. При извршување на кривичното дело, пријавените биле забележани од страна на Полициски службеници од  ОИД-МД Центар и Бит Пазар и откако на автобуска постојка кај Рекорд, се симнале од автобусот истите се приведени  во ПС ОН Центар .

Со потврда украдениот паричник им бил одземен и истиот бил вратен на оштетениот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.