Бугарки „оперирале“ во Охрид

Две бугарски државјанки се товарат дека сториле кривично дело кражба.

Како што информира МВР, вчера околу 13.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, приведени се С.Н.Е. (30) и М.П.С. (45), двете државјанки на Република Бугарија.

Истите во текот на денешниот ден ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство Охрид.