Бугарската армија доби право да се вклучи во одбраната на границата

Со промени на два члена од Законот за одбрана и вооружени сили во прво читање, бугарскиот парламент и овозможи на бугарската армија да се распореди на државната граница. Законите беа поддржани од сите 156 пратеници во парламентот, пренесуваат бугарските медиуми.

Со денешната одлука, вооружените сили на Бугарија може да им пружат поддршка на припадниците на тамошното Министерство за внатрешни работи.

Армијата ќе има право да настапи во одбрана на границата само во вонредни и кризни ситуации. Воените претсавници ќе бидат ангажирани и за да подготват тактички планови за реакција при засилен бран од мигранти.