Магазин

Бугарската државна телевизија ја посочи македонската зоолошка градина за пример

Бугарската државна телевизија ја посочи македонската зоолошка градина за пример

ЗОО градините во Скопје и Софија беа предмет на опсервација на повеќе бугарски аналитичари на државната телевизија во Бугарија, при што софиските колеги ја посочија скопската Зоолошка градина како пример за регионот. Според нивната анализа, животните во Зоолошката градинка во Скопје се спокојни поради условите кои ги имаат.

„Разликите не се многу големи, но се суштински“ смета новинарката Ирина Григорова. Животните во Македонската Зоолошка се спокојни поради просторот во кој живееат, зеленилото со кое се опкружени, слободата која ја чувствуваат, додава Григорова.