Балкан

Бугарската Народна банка продава 63 тони метални пари

Бугарската Народна банка продава 63 тони метални пари

Бугарската народна банка објави тендер за продажба на 63 тони ковани пари, направени во време на инфлацијата, а кои сега не се употребуваат.

Тендерот е отворен до 9 јули,  а застарените апоени кои се на продажба се направени од бакар, цинк и никел.

Идниот купувач мора да има 242 илјади евра промет во трговијата за секундарни сировини. Фирмите не треба да имаат даночни обврски, а сопствениците не треба да бидат осудувани, пренесуваат бугарските медиуми.

Гаранцијата за учество на тендер изнесува 2,242 евра, а купувачот е обврзан во рок од една година да ги претопи кованите пари.

Тоа вообичаено се прави во печките на „Софија бакар“ на кое присуствуваат претставници на банки, а потоа металот може да биде продаден.

Цената на бакарот на Лондонската берза моментно е 6600 долари за тон. Бугарската банка минатата година продаде 50 тони кованици.