среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 30

Бугарската полиција заплени шверцувани цигари во вредност од 2,6 милиони евра

Бугарската полиција на преминот „Капитан Петко војвода“ на границата со Грција заплени 677.950 кутии шверцувани цигари од марката „Президент Супер Лајт“, чија пазарна вредност изнесува речиси 5,09 милиони лева (2,6 милиони евра), јави БТА.

цигари

Поврзани вести

Како што соопшти окружниот јавен обвинител од Хасково, Иван Стојанов, со шверцот на овие цигари, бугарската држава би била оштетена за 2,88 милиони евра (1,5 милиони евра) на име неплатени акцизи.

Цигарите биле откриени во камион, што го управувал 43-годишен бугарски државјанин. Покрај возачот на камионот, полицијата го привела уште и неговиот 60-годишен совозач, како и еден цариник, кој е осомнечен дека требало да даде „логистичка поддршка“ на шверцот на цигари.

Најчитани вести