Бугарската полиција заполени 40 килограми хероин

хероин

Како што јави БТА, во акцијата се приведени четири лица под обвинение за поседување и распространување наркотици во големи размери.

Во Јамбол бил уапсен еден од обвинените во момент кога се обидувал да продаде пет килограми хероин за 100.000 лева (речиси 50.000 евра). Потоа, трагите воделе до приватна куќа во селото Радовец, каде е откриен и остатокот од дрогата.

Хероинот е 60 проценти чист и неговата вкупна вредност се проценува на околу два милиона лева (милион евра).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.