Бугарската влада по петти пат помина на гласањето за доверба

На Бугарскаа влада денеска и е изгласана доверба, на изјаснувањето кое го барала опозицијата критикувајќи ја нејзината фискална политика.

Ова беше петто изјаснување за доверба на владата, а наспроти поддршката која ја добила во парламентот, се очекува дека ќе поднесе оставка како што најави претходно.

Коалицијата на премиерот Пламен Орешарски, на кого ова му е прва година од четиригодишниот мандат, ја поддржаа 114 пратеници, додека за недовррба биле 109 пратеници, а еден бил воздржан.

Бугарското собрание има 24о пратеници. Наспроти ова гласање, владата ќе поднесе пставка во наредните денови, бидејќипартиите на владеачката коалиција се договориле да се распишат вонредни парламентарни избори после лошиот успех на владеачките социјалисти на изборите за европскот парламент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.