Бугарски тајкун уапсен во Белград

Бугарскиот бизнисмен Цветан Василев, за кој Интерпол имаше распишано потерница денеска се предал во белградската Управа на криминалистичката полиција на Србија, јавуваат српските медиуми.

По полициската процедура, Василев тој ќе биде изведен пред суд кој ќе му одреди притвор. По барање на Бугарија, од 15 септемви за него  е издадена потерницата на Интерпол. Пред распишувањето на потерницата Василев избега од Бугарија на 28 јули.

Василев е мнозински сопственик на бугарската Корпоративна Комерцијална банка  „Корпобанк”, над која Бугарската национална банка во јуни ја презеде контролата и ги сопре сите трансакции на банката и ги блокира сметките со повеќе од  3.7 милијарди долари.

Василев е обвинет за проневера поради што е покрената меѓународната потерница.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.