Бугарски бизнисмен уапсен поради криминал тежок половина милион евра

Бугарски бизнисмен, сопственик на градежната фирма „Интернешенал Инвестмен Груп“ од Скопје е уапсен поради криминал тежок речиси половина евра, информираше денеска Управата за финансиска полиција.

Според Управата, 42-годишниот Љ.П со сомничи дека потпомогнат од О.М. (27), бугарски државјанин и од Џ.Д. (42) од јануари 2012 до февруари годинава свесно поднесувал даночни пријави за ДДВ со лажни податоци.
Со помош на фиктивните даночни пријави бугарскиот бизнисмени успеал да извлече од државната каса 225 илјади евра.

„Со цел да се стекне со уште поголема материјална корист и да добие на располагање парични средства во кеш, првопријавениот Љ.П(42) со помош на второпријавениот и третопријавениот, од име на фирмата “АИГ Интернешенал Консалтинг” изготвиле две фиктивни фактури на износ од вкупно 1.046.295 евра, и од име на фирмата „Сан Фармерс – Фуд” изготвиле три фиктивни фактури на вкупен износ од 840.000 евра“, велат од Управата за финансиска полиција

Врз основа на фиктивните фактури од Сан Фармерс – Фуд, Бугаринот од сметката на Интернешенал Инвестмент Груп префрлил 439 илјади евра на сметката на САн Фермерс – Фуд, а Џ.Д. веднаш по префрлувањето на парите ги вадел од сметката.

Врз основа на добиените три фиктивни фактури од Сан Фармерс – Фуд, првопријавениот Љ.П како сопственик и управител на фирмата “Интернешенал Инвестмент Груп” во повеќе наврати во периодот 2012 – 2013 година префрлил парични средства во вкупна вредност од 439.000 евра на фирмата Сан Фармерс – Фуд за наводно извршени работи како подизведувач на градежните работи кои ги изведувала “Интернешенал Инвестмент Груп” на територијата на Република Македонија иако основна дејност на Сан Фармерс – Фуд е трговија на големо со месо и производи од месо, нема ниту еден вработен, нема деловен простор, ниту пак било каква опрема за изведување на градежни работи.

Третопријавениот Џ.Д кој е овластен потписник на сметката на фирмата Сан Фармерс – Фуд, уште истиот ден кога парите биле уплатени на сметката ги подигал во готово од банкарската сметка на Сан Фармерс – Фуд ДООЕЛ од Скопје отворена во НЛБ Тутунска Банка – Скопје и истите му ги враќал на првопријавениот Љ.П. Со цел да ја избегнат сомнителноста на трансакциите кои банката е должна да ги пријави до надлежните институции, прво и третопријавениот парите ги уплаќале и ги извлекувале од сметката на Сан Фармерс – Фуд ДООЕЛ Скопје во готово во помали износи кои не надминувале 900.000,00 денари.

Со цел да го прикрие делото Љ.П. изготвил и поднел завршни сметки за 2012 и 2013 година со невистинити податоци за приходи и расходи, и на тој начин ја намалил добивката и затаил данок на добивка во износ од 230.000 евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.