Свет

ВИДЕО: Бугарски граничари мелтретираат сириски бегалци

ВИДЕО: Бугарски граничари мелтретираат сириски бегалци

Граничната полициja на Бугарија малтретира сириски бегалци, објавуваат медиумите во Сирија, но и во Бугарија, а како доказ публикуваат видео запис, на кој се гледа како униформирани лица удираат со палки мигранти, кои лежат на земја.

Сириските медиуми објавуваат дека ова не е единствен случај на малтретирање на бегалци од Сирија на бугарската граница.

Сирискиот новинарски сајт „Аксалсер“, располага со кадри за кои тврди дека нехуманиот однос кон бегалците од војната во Сирија е дело на бугарската полиција, односно дека бугарски граничари мелтретираат сириски беглаци.

Не се знае точната локација каде се слуичило дејствието од видео записот. Медиумите во Бугарија пишуваат со резерва дали навистина станува збор за бугарски полицајци.

begalci-sirija-maltretirani-policija-bugarija(2)

Но, според сириските медиуми, возилото кое се гледа на видеото е исто како што користи бугарската полиција, а и униформите на полицајците се исти како на бугарските.

Министерството за внатрешни работи на Бугарија не се огласило во јавноста во врска со објавеното видео.