Бугарски лекар уапсен во Грција за детска порнографија

Бугарин бил уапсен во грчкиот град Јанина, додека во неговиот лекарски кабинет прегледувал пациенти, под сомнение за детска порнографија, јавуваат медиумите во Бугарија, пренесува Нетпрес.

Грчките власти покренале истрага против четириесет и седумгодишниот доктор за распространување и поседување на детски порнографски материјали.

Според објавеното, ова е прв случај на приведување на педијатар за детска порнографија во Грција. Во информацијата се велид ека дури и полицајците биле избезумени од шокантните материјали, кои ги откриле во текот на истрагата.

„Прв пат се соочувам со толку злобен случај на детска порнографија“, изјавил за медиумите Манолис Сфакианакис, директор на грчката Служба за борба против електронска престапност.

Случајот бил откриен по пријава на родители на дете. Цели шест месеци грчката полиција го следела педијатарот.

Бугарскиот лекар ги снимал прегледите на децата, и потоа ги објавувал на интернет страници, специјализирани за детска порнографија. Во неговиот личен компјутер била откриена цела архива со шокантни кадри – како на пример животно силува шестмесечно бебе. Полицијата утврдува дали бугарскиот државјанин блудничел врз децата, додека ги прегледувал.

По распитот во полициска станица, реонскиот обвинител на Јанина, одлучил да го ослободи педијатарот со кауција од 20.000 евра.