Бугарски медиуми за понижувањата на Грчев за македонската нација

Со нескриено задоволство во соседна Бугарија се пишуваа за видеото кое осамна на социјалните мрежи во кој еден македонски интелектуалец изнесува свое мислење за настанокот на Македонија.

Бугарски политичари и историчари, постојано тврдат дека Македонија е коминтерновска творба, создадена од Тито во 1945 година во рамките на Југославија, како подлога да ги негираат македонската нација, историја, култура и јазик.

Мирослав Грчев, член на советот за култура на СДСМ и шеф на групата што го анализира проектот „Скопје 2014“, го снимил видеото уште минатата година, а на Интернет е поставено на 4 октомври, како дел од проектот „Музеј на Југославија“ меѓу интелектуалците од републиките кои некогаш биле дел Југославија.

Изјавата на српски јазик со титлуван англиски преводи испровоцира гневни коментари на социјалните мрежи – како за понижување на македонската нација, така и поради неговите коментари за „Скопје 2014“, бидејќи тој смета дека дел од зградите и спомениците во срцето на македонската капиталот мора да биде срушен, пренесува софиски „Дневник“.

Грчев зборува за „заблудата“ дека со нови симболи треба да се прекине врската со југословенското наследство, како што според него се правело во последните 15 години. Тој пренесува бугарскиот весник, тврди дека југословенската меморија е „забранета“.

Резултат на тоа е процес на „фрустрирачко уништување на сето свето од времето кога сме имале целосно случајна историска радост да живееме во Југославија.”

Весникот ги пренесува и зборовите на Грчев, „се враќаме кон преднаталнитот период на Македонија. Пред македонската држава да биде буквално измислена и основана во контекст на Југославија по Втората светска војна. Во неа за првпат се емапципирани и македонската нација, и македонската култура, македонски јазик, сите македонски симболи, сите уметнички достигнувања“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.