Бугарски Мерцедес се запали на автопатот Куманово-Скопје

Денеска на автопатот Куманово-Скопје И.С.К.(67) од Р.Бугарија, управувајќи возило од марката „Мерцедес“ со бугарскаи регистарски таблици, во кое превезувал 12 туби со хемикалии-киселини, забележал чад од просторот наменет за товар.

Истиот застанал со возилото, ги искинал царинските плобми и внатре забележал пожар, по што изнел надвор девет пластични туби со по 50 литри течност-киселини, а пожарот сам го изгаснал.

При гаснењето на пожарот истиот се здобил со изгореници по телото, по што е пренесен во Медицински центар Куманово, од каде е префрлен во Ургентен центар Скопје. Киселините се разлеани на коловозот, а сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за престигнување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.