Бугарски воен хеликоптер се урна во Црното Море

Бугарски воен хеликоптер се урна во петокот во Црното Море при што загина пилотот.

Уште две лица кои биле во леталото се здобиле со повреди, соопшти бугарското министерство за одбрана.

Хеликоптерот од типот „Пантер-565“ се урнал во текот на воените вежби „Црно Море – 2017“ недалеку од бугарскиот брег, северно од Варна, соопшти Генералштабот.

Причината за несреќата засега е непозната, но се претпостава дека леталото со перката закачила катарка на еден од бродовите.