Балкан

Бугарскиот црвен крст стравува од нов бран бегаци од Турција

Бугарскиот црвен крст стравува од нов бран бегаци од Турција

Бугарскиот црвен крст (БЧК) информира дека стравува од нов бран бегалци во Бугарија и дека сериозно се подготвува за тоа.

– Очекуваме бран беглаци, но не можам да кажам колкав ќе биде. Многу сме вознемирени и се порготвуавме сериозно, изјави претседателот на БЧК, Христо Григоров.

Тој, како што јави БТА, информира дека во последниве два месеца од Турција во Бугарија влегле меѓу 160 и 200 илјади бегалци, но дека државата успеала да се прави со тој проблем и дека состојбата е под контрола.

– Тоа е голем товар за оваа држава, нагласи Григоров, додавајќи дека е можно голем бран бегалци од кризните подрачја на Блискиот Исток да се обидат да стигнат до европските земји преку територијата на Бугарија.