Бугарските полицајци протестираа во Софија

Бугарските полицајци протестираа во Софија
Бугарските полицајци протестираа во Софија

Во организација на Синдикалната федерација на вработените во Министертсвото за внатрешни работи, денеска во центраот на Софија се одржа протест на бугарските полициајци против предложените измени во Законот за МВР.

Како што јави БТА, полицајците не се согласуваат со предложените измени со кои висината на отпремнината за пензионирање од сегашните 20 се намалува на 12 месечни плати, а во исто време годишните одмори се кратат за пет дена.

Покрај ова, учесниците на протестот не се согласуваат ниту се предлогот националната противпожарна служба да се трансформира во агенција.

Покрај во Софија, протести на полицајците денеска се одржаа и во Пловдив, Плевен и Гоце Делчев.

Денешите протести доаѓаат во пресрет на утрешната јавна расправа по предложените измени во Законот за Министерството за внатрешни работи, што ќе се одржи во бугарското Народно собрание, со учество на претставници на Министерството, полицискиот синдикат и неколјку граѓански организации.