Букет според хороскопскиот знак: Јасмин за ракот, гладиоли за лавот и рози за вагите

Букет со свежи цвеќиња е совршен подарок, било за роденден, годишнина, дипломирање или едноставно изјавување на љубов. Но, има огромен избор на прекрасни цвеќиња, па понекогаш е тешко да се избере правиот.

Затоа, одберете го вистинскиот цвет според хороскопските знаци.

Овните се импулсивни, полни со енергија и амбиции. Сакаат предизвици. Нивни бои се портокалова, црвена и жолта. Цвеќе кое го сакаат е орхидеjа, љубичици, јоргован. Тоа се диви, дрски, огнени, а истовремено нежни цветови. Цвет кој ја одржува енергијата кај овните е полскиот афион. Ги сакаат цикламите и шафранот, бидејќи се пробиваат низ сите пречки за да ја навестат пролетта. Овните ќе бидат задоволни ако им подарите лилјан или лалиња, симболи на убавина и силни емоции.

Бикот знае да го извлече најдоброто од секое ново искуство. Слободен е и стабилен. Сака зелена, розова и светло сина боја. Цвеќе кое најмногу го сака е афион, див лилјан и јоргован Романтичната природа на овој знак и неговата префинетост за убавото, подеднакво добро може да се изрази и со букет ружи. Одберете розови ружи, бидејќи таа боја ја ублажува биковата тврдоглавост. Бидејќи многу ја сакаат природата, биковите обожаваат и полско цвеќе, божур и ѓурѓовденче. Биковите сакаат големи, тркалезни цветови како герберот.

 

Близнаците добро се адаптираат кон се што е ново. Спектар на омилени бои им се: жолта, бела и сина. Маргаритките одговараат на нивниот темперамент. Веселиот нарав на близнаците одлично се сложува со ливадските цвеќиња. Совршен подарок е мало букетче од камилица. Бидејќи ја обожаваат жолтата боја, ги сакаат и нарцисите. Близнаците не се многу вешти во одржување градина, но сепак знаат да одгледаат по некој корен перуника, бидејќи тоа е цвет кој носи добри вести, а близнаците секогаш се полни знаење и информации.

Ракот е лојален и топол знак. Заради својата природна дипломатија и емотивност го прави животот на оние околу себе пријатен. Сака бела, сребрена и зелена боја. Омилено цвеќе му се ружите, јасмин и гарденија. Цвеќето не ракот му причинува среќа. Подарете му бели ружи, кои симболизираат чистина и го смируваат лабилното расположение на ракот. Особено ги сака дивите ружи со ситни цветови. Прозорците на раковите се украсени со љубичици како симбол на скромност и тајна љубов. Во своите градини сакаат да одгледуваат стебла со јаболки, крушки и сливи или сите други овошки кои имаат бели цветови.

И покрај желбата да доминира, лавот е романтичен и нежен. Боите кои ги сака се жолта, портокалова и црвена. Купете му цвет од сончоглед за да го израдувате, гладиоли или лупинес. Добар избор се и гардениите и цикламите, ако се луксузно спакувани. На оваа листа можат да се најдат и орхидеите, невенот и хортензијата. Од дрвја сака палми, орев и маслиново дрво.

Овој навидум смирен знак сака секогаш да знае на што е и да држи контрола над ситуацијата. На нивниот хипер – осетлив нервен систем одлично одговараат убави цветни аранжмани. Најдобрите градинари на светот се родени во  знакот на девица и ти е сакаат косено сено, камелии, нарциси, бадемов цвет и цвет од вишна. На своите тераси имаат фикуси и сардели, а го сакаат мирисот на јоргованите.

 

Вагите се познати по нивната пребирливост, големи естети се, имаат истенчен вкус и големи барања. Уживаат во нијансите на сината, зелената, сивата и розова боја, како и во силните тонови на жолта и црвена боја. Нивно цвеќе се бледо розовите рози, хризантеми, ириси и бледи гербери. Кога се заљубени овие знаци сакаат силни мириси. Овој знак ќе го израдувате со букет бамбуси или лалиња.

Скорпиите се познати по своите моќи и нагласени страсти. Ако поклонувате цвеќе на скорпии,нека биде тоа гербери, божур, црвени ружи, кактус, гардении, огромни букети хризантеми и диви каранфили. Скорпијата може да ја препознаете и по нејзината градина во која има хибискус, орев и зимзелени дрвца.

 

Стрелците се дарежливи, со отворено срце и големи индивидуалци. Ако одбирате цвеќе за нив, нека биде тоа нешто префинето, бидејќи тие тежнеат кон совршенство. Полн погодок за огнените стрелци се големи цветни аранжмани како филадендрон или бонсаи дрвце. Ги сакаат билките кои носат среќа во домот. Од мирисите, најмногу сакаат мирис на праска, црешов цвет и цикорија. Љубители се и на полско цвеќе и љубичици.

Интровертните јарци сакаат класични, елегантни, децентни мириси кои им одговараат на нивната рафинирана и елегантна природа. На ист начин одбираат и бои и сакаат дискретни тонови на кафена, сина, зелена и жолта боја. Омилени цветови му се бршлен,дрво на животот, камелии, магнолија, јоргован, јасмин и ружи. Нивното внимание ќе го добиете ако им подарите голем, раскошен букет.

Водолиите се уникатни во се, боеми, бунтовници, креативци со бројни интереси. Ретко се случува да купат ружи или да ги одгледуваат дома. Сакаат гладиоли, лалиња, орхидеи, папрат, ирис и кали. Бидејќи сакаат да експериментираат во животот, истото го прават и при избор на цвеќе. Ако сакате да ги изненадите најдете некој цвет добиен со вкрстување на две сорти. Добар избор за водолиите се бамбус, кактус и нарцис.

 

Шармот на таинствените риби, никого не остава рамнодушен. Му одговараат заводливи, мирисни ноти, длабоки како и нивниот внатрешен живот. Омилено цвеќе им е калина, љубичица, ирис, багрем, липов цвет и орхидеи. Овие знаци обожаваат цвеќе и сакаат да одгледуваат собни сорти во својот дом. Обожаваат црвени и розови ружи, а мириси кои ги опуштаат се мирис на бергам, јасмин, љубичици, темјан и босилек. Добар избор за рибите се и големите папрати со зелено лисје или букет од полско цвеќе во кој преовладува сина боја

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.