Булдожер со снег затрупал работник на патот кон Маврово

Триесетгодишен тетовец, вчера  се повредил додека со булдожер расчистувал снег по регионалниот пат Маврово-Галичник.

Според СВР Тетово во близина на месноста „Царева чешма“, Ш.И. со булдожер работел на расчистување на снегот и во еден момент неговата машина заглавила во снегот. Откако излегол и застанал на металните скали од десната страна на машината, од задната страна друг булдожер кој, исто така, расчистувал врз Ш.И. истуркал поголема количина снег.

Набрзо, други вработени кои биле во близина го извлекле Ш.И, по што со возило пренесен е во амбуланта во Маврови Анови, а по укажаната помош, префрлен е во тетовската клиничка болница.

На местото на повредувањето е извршен комплетен увид и се расветлуваат причините за несреќата, околностите во кои се случила

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.