Бумеранг за Ризаов, „петелот“ кукурика на Македонско радио

Опозициските поддржувачи како Ерол Ризаов фатени се на дело како лажат и манипулираат со јавноста. Како целосно неточни се покажаа пишувањата на дежурниот поддржувач на опозицијата дека емисијата „Хихирику“, која се емитува на Македонското радио е забранета и цензурирана, пишува Курир.

Како бумеранг на Ризаов му се вратија манипулативни тврдења дека емисијата за хумор и сатира „Хихирику“ завршила по 40 години слободно емитување и повеќе немало да се емитува.

-Згасна еден од најголемите брендови во македонскиот етер. Најслушаната сатирична програма на сите времиња, која 40 години ни измамува смеење, по некоја тажна насмевка и не’ подзамислува, е забранета на перфиден начин, типичен за ова време. Кога се цензурираат хуморот и сатирата што како единствен вентил за празнење на нацијата го оставаа слободен и најголемите диктатори, тогаш е јасно на кое дереџе е дојдена Македонија, пишуваше Ризаов во својата колумна во Утрински весник.

Наспроти ваквите тврдења на Ризаов, “петелот“ денеска кукурига на брановите на Македонското радио. Пишувања на Ризаов се покажаа како целосна лага. Во соопштение до медиумите, јавниот сервис уште во петокот соопшти дека Хихирику ниту е симната од програма, ниту цензурирана

-Времињата на цензура се одамна поминати и не се карактеристични за оваа генерација во МРТ. Можеби авторот на оваа глупост зборува за времето кога тој бил долги години уредник. Хихирику- продолжува со својата племенита мисија- да насмејува, да критикува и да сатиризира. Искрено жалиме за недоразбирањата во јавноста и за инволвирањето на прекрасната екипа на –Хихирику- во целиот овој случај, соопштија во петокот од МРТ и нагласија дека јавниот сервис не се откажува така лесно од своите брендови.

Курир веќе пишуваше дека на крајот на краиштата и да го нема Хихирику веќе, и според тврдењата на Ризаов ако јавниот сервис е провладин и ако ова е диктатура, значи дека Хихирику е дел од тоа и би можел да се тргне, сепак треба да се земе во предвид дека времето поминува и атрактивноста на емисиите се оценува по тоа колку луѓе ги слушаат и гледаат.

Ова е ново време и не значи дека ако некоја емисија која постои од време на социјализмот, таа треба да остане да се емитува само поради тоа и се додека Ризаов не рече поинаку. После ова, се поставува прашањето дали мора модернизацијата да е заложник на плукањата на лица како Ризаов, кои секоја ситуација ја користат за да ја нападнат актуелната власт, како што е последниот случај со “цензурата“ на “Хихирику“, што се покажа како целосна лага.

Овој случај покажува дека опозициските опоненти немаат усул во лажењето, дури и тогаш кога за напад користат наводна забрана на емисија која нема баш никаков рејтинг во јавноста и според многуммина е збир на лош хумор со лоши поенти, карактеристични за стари времиња. Опозициските поддржувачи уште еднаш на дело се фатени во лага, емитувањето на „Хихирику“ денеска целосно ги разобличи нивните манипулации, враќајќи им се како бумеранг обидот на замајување на јавноста.