Бундестагот денеска расправал за Македонија

Македонија била една од неколкуте теми на расправата на денешната седница на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот, објави МИА.

Оттаму велат дека сите сесии на Комитетот се затворени за јавноста и затоа нема да биде објавена дискусијата што се водела за Македонија.

Македонија била една од неколкуте теми на агендата на Комитетот за надворешни работи, а на седницата се расправало по информации добиени од германското Министерство за наддворешни работи.

Од Секретаријатот на комитетот за надворешни работи не откриваат дали на сесијата се расправало за политичката состојба во Македонија или за други теми поврзани со евроинтеграцијата на земјата.