Бундестагот ја изгласа резолуцијата за геноцидот над Ерменците во Турција

Пратениците во Германија денеска ја изгласаа резолуцијата со која турскиот масакр врз Ерменците се признава како геноцид.

„За“ резолуцијата гласаа сите партии во Бундестагот. Во гласањето само еден пратеник беше „воздржан“, а еден „против“.

Резолуцијата под име „Сеќавање на геноцидот над Ерменците и другите христијански народи во 1915 и 1916 година“ е изгласана и покрај предупредувањата на Турција дека ќе бидат нарушени односите меѓу двете држави.

Претходно, турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека гласањето во германскиот Бундестаг за резолуцијата со која турскиот масакр над Ерменците се признава како геноцид би било „тест на пријателство“ меѓу Берлин и Анкара.