Бунтовниците ги нападнале украинските граничари

Граничнатa служба на Украина соопшти дека еден дел од нејзините војници се ранети во денешниот напад на бунтовниците на касарна во источна Украина.

Соопштија дека околу 100 бунтовници утринава рано наутро ја нападнале касарната во Луганск, голем украински град што се наоѓа блиску до границата со Русија.

Пограничната служба одговорила со оган, а во текот на престрелките бројот на напаѓачите пораснал на 400. Борбите и понатаму траат, соопшти Граничната служба.

Судирот меѓу украинските владини сили и про-руските бунтовници во источна Украина ескалираше во текот на последните седум дена, кога бунтовницте во тој крај се обидоа да го заземат големиот аеродром и успеале да соборат еден украински воен хеликоптер.