Бунтовниците ја загадиле водата во Дамаск

Претставници од градските власти на Дамаск соопштија дека се приморани да ги намалат испораките на вода за сирискиот главен град бидејќи бунтовниците ја загадиле водата со дизел гориво.

Додека проблемот не се реши, ќе се користат резерви на вода за жителите на Дамаск, најавија градските власти.