Бура во Австралија по укинувањето на истополовите бракови

Оваа одлука доаѓа само неколку дена откако беше склучена првата брачна заедница меѓу партнери од ист пол во Камбера.

„Не вреди да се признае Законот за воспоставувањето на брак меѓу двојки од ист пол “, велат од австралискиот суд кој едногласно ја донел одлуката за забрана на истополовите бракови.

На одлуката на Врховниот суд се спротистави сојузната влада која тврди дека  бракот во Австралија  се регулира со федералниот закон, а не законот на шест држави и две територии кои го сочинуваат земјата.

Сојузната влада и денеска излезе до барање да се прекине одлуката на Врховниот суд, потенцирајќи дека  легислативите за брак треба да се уредуваат самостојно од страна на федералниот закон и секоја земја да се донесе своја одлука.

Територијата австралискиот главен град (ATC) во октомври  стана  првиот регион на Австралија кој го легализираше бракот на лица од ист пол со извојување на законот со мнозинство од само еден глас.

Областа ATC е самоуправна територија во сојузната држава Нов Јужен Велс во која е и главниот град на Австралија – Канбера.

Врз основа на овој усвоен закон, Австралијците од сите делови на земјата ќе може да склучуваат истополови бракови во ATC четири седмици откако ќе поднесат барање за тоа.

Но, откако Врховниот суд вчера го укина истополовиот брак, 30 брачни заедници меѓу хомосексуалци ќе се сметаат за невалидни.

Од Врховниот суд појаснуваат дека АТС не е во согласност со актот за брак од 1961 година-  Marriage Act 1961 и поради тоа го прогласуваат за неважечки.  Со актот за брак од 1961 година бракот е дефиниран само како заедница меѓу маж и жена.

 

Покрај Австралија, во средата Индија ја прогласи хомосексуалноста за казнено дело, а Хрватите на реферндум се изјаснија против истополови бракови.