Пишман аџијата Буралиева попушта под притисокот на сопартијците?

По дводневниот континуиран притисок, кој беше извршен врз Љубица Буралиева, таа на својот „Фејсбук“ профил објави статус дека повторно ја променила одлуката за враќање во Парламентот. Буралиева напиша дека смета оти проблемите најдобро се решаваат институционално, а не се бојкот.

„Се откажувам од „довербата“ на оние што ми ја „дадоа“… од себеси и од мојата идеологија, од искрената заложба за вистинска слобода, ни досега, ниту отсега, не се откажувам. За ничии, ама баш за ничии интереси не одработувам. Секој со свое совест нека гази на земјава. На искрените пријатели им се извинувам што несакајќи беа дел од оваа згрешена приказна. Признавам, за вака „високи“ цели не сум употреблива, им оставам простор на ’надпросечните’ за кои постојано се прашував како тоа опстојуваат. Пукате и плукате во грешна цел.

Ова го соопштувам овде зашто, како и до сега, немам друго место да го споделам својот став, својата мисла“, се вели во малку конфузниот текст на Буралиева на нејзиниот „Фејсбук“ профил, кој во меѓувреме го деактивираше.

Медиумите блиски до опозицискиот СДСМ веднаш по информацијата дека таа одлучила да не се откаже од пратеничкото место започнаа плукачка офанзива против неа, а меѓу оние со најостри критики беа Борјан Јовановски и Бранко Геровски. На „Фејсбук“ дури имаше и навреди и закани од членови на СДСМ, упатени до Буралиева.

Таа попушти под силниот притисок од своите сопартијци, а со ова СДСМ само уште еднаш потврди дека нема демократски капацитет како што се декларираше.

Со честото премислување и немањето цврст став од страна на високото членство се потврдува дека состојбата во СДСМ е хаотична и дека државата не смее да се препушти во рацете на вакви несериозни луѓе. Ова е само уште еден доказ дека ситуацијата во СДСМ е комична, а социјалдемократите и покрај тоа што се покажаа како далеку нестабилни личности и понатаму се стремат да бидат на власт.