Бурата Офелија однесе три живота во Ирска (ВИДЕО)

Три лица загинаа во бурата Офелија којашто проследена со ветрови со брзина од 150 километри на час го зафатија западниот брег на Ирска корнејќи стебла и предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Педесетгодишна жена загинала во сообраќајна несреќа којашто ја предизвикало урнато стебло во близина на селото Алгиш, на југот од Ирска, при што е повреден уште еден седумдесетгодишник, соопшти полицијата Северно од Дундалк, близу границата со Северна Ирска, маж загинал кога на неговиот автомобил паднало дрво. Триесетгодишник им подлегнал на повредите здобиени при обидот со моторна пила да отстрани стебло коешто се испречило на пат во Кахира, на југот од земјата, според полицијата.

„Сакам на сите да им биде јасно дека ова е државна криза, аларм кој важи за сите окрузи, градови и подрачја“, предупреди премиерот Лео Варадкар, изразувајќи стравување дека „луѓето би можеле да помислат дека бурата е помалку опасна отколку што се најавуваше“.

Ирските власти ги затворија сите училишта, многу јавни служби, сообраќајот и трговијата, повикувајќи го населението да остане во домовите. Околу пладнето 210.000 домаќинства останаа без електрична струја, во прв ред во Корк, Лимерик, Типерати и Главеј, соопшти операторот ESB Networks.

На социјалните мрежи објавени се снимки од оштетени згради, урнати покриви, како оној на стадионот „Тарнер Крос“ во Корк. Во Даблин првите налети на ветрот се почувствуваат околу пладнето, па е прекинат автобускиот, трамвајскиот и железничкиот сообраќај, а на аеродромот се откажани 135 летови. Затворени се речиси и сите јавни служби и продавници, бидејќи за попладневните и вечерните часови беше најавено зајакнување на ветрот.

Бурата до крајот на денот ќе мине преку Ирска во насока на Северна Ирска, движејќи се по помалку измената траекторија. Според предвидувањата на Националниот центар за урагани во американски Мајами, најпогоден ќе биде атлантскиот брег, на западот од Ирска, во прв ред окрузите Галвеј, Мајо, Слиго и Донегал.

Офелија во саботата достигна до 3-та категорија, качувајќи се за еден степен на скалата со 5 степени, а во текот на ноќта треба да стигне до португалските острови Азори. Ураганот потоа ќе ослаби во посттропска бура.

Минувањето на овој ураган доаѓа 30 години по ткн „Голема бура“ од октомври 1987 година во којашто загинаа 18 луѓе, која искорна стотици илјади дрва во Велика Британија и чијашто силина тогаш властите ја потценија.