Свет

Бурата „Поло“ прерасна во ураган кај Мексико

Бурата „Поло“ прерасна во ураган кај Мексико

Тропската бура „Поло“ прераснала во ураган на Пацифичкиот брег кај Мексико. Ветрот достигнал брзина од 120 километри на час и можност за натамошно јакнење.

Поло се наоѓаше синоќа околу 290 километри од пристаништето Мансанило и се движи кон Запад со брзина од десет километри на час долж брегот.

Во исто време, околу 25.000 туристи и натаму се „заробени“ на полуостровот Долна Калифорнија во севернозападниот дел на Мексико, два дена откако ураганот „Одил“ го погоди тоа подрачје.