Burberry Body Tender – синоним за нежност, вечна младост и харизма

Британската модна куќа Burberry го лансираше првиот парфем од колекцијата Body во 2011 та година. Потоа следуваа голем број различни варијанти на истата тема како што се парфемите Body Eau de Parfum Intense (2011), Body Eau de Toilette (2012) и Body Rose Gold (2012).

boddy_2Парфемот Burberry Body Tender е петтиот по ред парфем од оваа колекција, кој се појави на пазарот во 2013 та година. Тој претставува полесна, младешка интерпретрација на парфемот Burberry Body. Композицијата која вклучува овошни мирисни ноти го обвиткува телото.

Епитетите што го опишуваат овој парфем за жени се нежност, вечна младост, спокојство, леснина и харизма. Композицијата се отвора со свежи ароми на лимон, јаболко, праска и апсинт. Јадрото на композицијата го прават есенции на ружи, листови чај, јасмин и сандалово дрво, а во основата се сместени мирисни ноти на кашмир, ванила, мошус и амбер.

Парфемот е достапен како Eau de toilette во амбалажа од 60 и 85 ml.