сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

„Буре барут“ за 70-годишниот јубилеј на Драмски театар

Последни вести

Претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, а во режија на Сашо Миленковски вечер премиерно ќе биде изведена во Драмски театар-Скопје. Премиерата е во рамки на 70-годишниот јубилеј на оваа национална установа.

Во претставата играат Лазе Манасковски, Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Благица Димитровска, Јовица Михајловски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Емилија Мицевска, Рубенс Муратовски, Благој Чоревски…Музиката е на Венко Серафимов, а кореографијата на Валентин Апостоловски.

„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска и Бугарија.

Според сценариото на „Буре барут“ е снимен и игран филм.

Најчитани вести