Бурна ноќ на последниот ден од трејд-периодот во НБА лигата

Горан Драгиќ беше една од ѕвездите на последниот ден од преодниот рок во НБА лигата, откако словенечкиот репрезентативец пред неколку дена објави дека нема намера да потпише нов договор со Феникс и би сакал што поскоро да го напушти овој клуб.

Многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги, но сепак Драгиќ се одлучи да замине на Флорида, во тимот на Мајами. Заедно со него ќе пристигне и неговиот брат, Зоран додека во спротивна насока ќе заминат Дени Грејнџер, Норис Кол, Џастин Хамилтон и два избори во првата рунда на следните драфтови.

Феникс направи целосен ремонт на бековската линија, испраќајќи го Ајзеа Томас во Бостон селтикс, во размена за Маркус Торнтон и Брендон Најт од Милвоки.

Кај “бакси” замина Мајкл Картер Вилијамс од Филаделфија, Мајлс Пламли и Тајлер Енис од Феникс, додека “сиксерси” го добија Ремон Сешнс од ЛА Лејкерс, како и прв пик од драфтот кој ќе се одржи годинава, а кој исто така беше во сопственост на “лејкерси”.

Според аналитичарите во НБА лигата, најголем победник од овој драфт е тимот на Оклахома, која успеа да ги доведе Д.Џ. Аугустин и Кајл СИнглер од Детроит, како и Енес Кантер и Стив Новак од Јута. Во замена за овие играчи, тие се ослободија од Реџи Џексон кој замина во Детроит, Грент Џерет и Кендрик Перкинс преминаа во Јута, додека Иш Смит ќе настапува за Њу Орлеанс.

Портланд го искористи последниот ден од трејд-периодот и го доведе Арон Алфало, одличниот играч кој настапуваше за Денвер, а кој ќе обезбеди подолга клупа за еден од тимовите кои претендираат за НБА тронот.

И конечно, можеби најемотивниот трансфер го направи Кевин Гарнет, кој по долги години се врати на “местото на злосторот”, во тимот на Минесота. Овој трејд нема никакво посебно значење освен дека на Гарнет ќе му биде овозможено да ја заврши кариерата таму каде што и ја почна. Во спротивен правец ќе замине Тадеус Јанг.