вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 31

Бурните 20-ти кои ја изменија Америка

Уникатните предмети се чуваат во различни збирки и колекции, и сега првпат се претставени на поставката на Националниот музеј на дизајнот на изложбата чијашто цел е да раскажува за времето

kultura 00

Поврзани вести

Фигури на архангелите, коишто чекорат по облакодерите, е еден од највпечатливите експонати на изложбата под наслов „Векот на џезот: американскиот стил во 1920-те години“ отворена оваа седмица во Њујорк.

На споменатата изложба се претставени 400 експонати, модели на раскошни лимузини и ексклузивен накит, супермодерниот за споменатата ера мебел во стилот на „облакодер“, модни детали од облека со отсликани авиони и бродови, штотуку појавените во продажба радио уреди и постери со ликовите на славните музичари од дваесеттите години на минатиот век, како Луј Армстронг, Дјук Елингтон, Бинг Крозби…
Сиве овие уникатни предмети се чуваат во различни збирки и колекции, и сега првпат се претставени на поставката на Националниот музеј на дизајнот на изложбата чијашто цел е да раскажува за времето, коешто во американската, и не само културна историја, е познато како „бурните дваесетти“.

Културен шок

Кураторите го нарекуваат овој период неверојатен, според моќта на пробивот во областа на културата. Согласни се дека 1920-те години Америка доживеала културен шок, кога ги отворила портите за влијанието на масовната европска култура. Всушност, тоа не претставувал еден шок, туку цела низа. Културата и уметноста во Америка во тој период не биле толку многу политизирани. Но истовремено, Американците пројавувале загриженост од тоа какво влијание врз нив може да имаат идеите за октомвриската револуција во тогашната Русија или, пак, на пример, конструктивизмот како правец.

Секако, Американците и претходно престојувале во тогашната светска и европска културна престолнина Париз, во потрага по ексклузивни модни парчиња облека или за забава, но по Светската изложба одржана во француската престолнина во 1925 година, тие многу подобро се запознале со новите тенденции во културата и успеале да се прилагодат на нив. Меѓутоа, адаптацијата не се однесувала на револуционерните идеи, како такви, туку на револуционерните тенденции во културата, и тоа особено јасно се манифестира во американскиот дизајн, во формирањето на „американскиот вкус“.

За еден од најинтересните експонати се смета портата на влезот од музејот Гугенхајм, специјално направена за претставување на Светската изложба во Пари, изработена од рускиот имигрант Серфим Субенин и Французинот Жан Динан.

kultura 01
Можеби премногу оптимистично се чита пораката на експонатот на кој на двата крајни панела од триметарската конструкција од лакирано дрво на којашто се отсликани златно сјајни фигури на архангелите со труби во рацете, кои чекорат по облакодерите, имено дека тоа претставува триумф на духовното над материјалното. Современите американски историчари на уметноста, сепак, сметаат дека авторите сакале со тоа да нагласат дека „американските облакодери се стремат кон небесните височини“.

Друг експонат кој го предизвикува вниманието е сликата со на Бруклинскиот мост, напишана од Џозеф Стела во 1919 година. Уметникот ја создал под влијание на футуристите со коишто тој се состанувал во Париз. На тоа платно, исполнето во манирот сосема некарактеристичен за другите американски уметници од тој период, столбовите на мостот го параат небото над њујоршки Менхетен. Станува збор за олицетворение на новите урбани текови кои тогаш биле во зародиш во комбинација со влијанието на новите техники, бидејќи на сликата е отсликан мостот со електрично осветлување.

Во стилот „облакодер“

Новата архитектура радикално го менува лицето на Њујорк, и имала силно влијание врз американските усети за естетика. Како референтна точка за тоа се сметаат два настани: изумувањето на лифтовите и усвоената одлука во 1916 година од градскиот совет на Њујорк за блокови во Менхетен според којашто се утврдуваат параметрите за височината на облакодерите, така што тие не треба да го попречуваат сончевото осветлување на улиците на метрополата. Така, на еден од изложените цртежи од архитектот Хју Ферис, кој датира од 1922 година, претставена е варијантата на тоа како би се вклопиле во градскиот пејзаж високите зданија, како оние коишто се изградени подоцна, во 1931 година, на пример 103-катниот Емпајер стет билдинг.

kulura 02
Како образец за архитектурата во тоа време служи снежнобелиот врв на Крајслер билдинг, изграден во 1933 година. Промета на урбаната средина барала и нов ентериер. Уште во 1900-те Американците сметаат дека знаат што е „добар вкус“, угледувајќи се на примерот на британските и француските замоци. Но во 1920-те години, вкусовите претрпеле драстични промени под влијание на европските дизајнери, во прв ред имигранти од Германија, Италија и Австрија. Токму поради нивните влијанија и напор во американските домови се појавуваат диваните „гондоли“ без остри агли, кои потсетуваат на полуотворена школка, шезлонги кои „врескаат“ од светлите бои и кревети странично обложени со кожа, завршувајќи со работна маса со држач за книги.

Таквата конструкција ја воведува доселеникот од Австро-унгарската империја Фредерик Кејзер. Покрај таквите иновации, како што е високиот држач за книги, тој ги погодил Американците уште и со дизајнирањето на креветот кој се склопува. Сосема уникатната конструкција на работниот стол во комбинација со библиотека во форма на облакодер, ја дизајнирал имигрантот од Австрија Пол Франкл. Неговата линија за мебел „Облакодер“ од калифорниски кедар ѝ била претставена на јавноста во 1926 година а ги повторува контурите на највисоките згради во тоа време.

Нова мода

Особено силното влијание на европските дизајнери влијаел и врз американската мода. За кремот на општеството од тој период вистински дел од рајот станала салонот-магазин на Менхетен на доселеничката од Австрија, Хети Карнеги. Само таму можеле да се најдат вечерни тоалети од свила, метализирани нитни и стаклени монисти, или делови од гардероба во стилот на „Шанел блу“ од свила во индиго боја, или дури неверојатно за нормите од тој период отворените женски костими за капење од низа сини ленти. Таквите парчиња облека се рекламирале како „облека за современата жена, којашто има силен карактер“.

kultura 04
А новата мода имала потреба да биде следена и од нови украси во накитот. Популарни станале смарагди поставени во платина, крупни аквамарини, сферично опточени полускапоцени камења на ѓердани, рубии на сребриени белегзии, како и бижутерија во ткн „тропски“ стил, од гума, кристали, пластика и коски. Се појавила и модата на мали украсени со злато шишенца со парфеми, кои требало да се носат со крзнени палта. Во 1922 година, по повод прелетувањето на Атланткот од страна на Чарлс Линдберг се појавил парфемот „Spirit of S.Louis“ (Духот на Сент Луис), при што обликот на шишето наликувал на авионот на Линберг.

Брзиот „Дух на 1920-те“

Симболот на напредокот во техниката во 1920-те години во САД станал радио уредот „AD-65“ изработен во 1934 година во англиската грофовија Сасекс од компанијата „E.K.Kole“. Уметникот Велс Винтермјут Коатс победил на конкурсот на компанијата за најдобар дизајн и го направил за радио уредот заоблениот корупус од зелен бакелит, со хромирани детали.

kulura 05
Уште еден извонреден експонат во „технолошкиот“ дел од изложбата е лимузината „Marmone Twelve“ (Мармон Твелв), дизајнирана од конструкторот Волтер Дарвин Тиг во 1929 година. Тој модел и сега би го красел секоја автомобилска индустрија сои светло сивата рационализација на формата, неверојатно издолжена хауба којашто го крие моќниот мотор, и моќните хромирани фарови. Според експертите, оваа лимузина била произведена во пресрет на Големата депресија, во сосема ограничена серија од 400 парчиња, „претставувала олицетворение на духот на 1920-те години“.

Целта на поставувачите на изложбата е да прикажат како во услови на рапиден раст американските градови, авангардните тенденции ги менувале вкусовите и навиките. Според нив, 1920-те години навистина бил периодот кога творечките активности се прелеале преку рабовите.

Најчитани вести