Бушар ќе ги тужи организаторите на УС Опен

Ежени Бушар ќе ги тужи организаторите на УС Опен

Канаѓанката тогаш стигна до четвртфиналето, но мораше да го предаде дуелот со Роберта Винчи поради банален проблем.

Еден ден пред тој меч, таа имала незгода во соблекувалната бидејќи подот бил влажен. Таа се лизнала и паднала при што доживеала сериозни повреди. Незгодата се случила веднаш по мечот во двојки со Доминика Цибулкова, а следниот ден требала да се сретне со Винчи.

Сепак, повредите биле од потешка природа, таа доживеала мал потрес на мозокот и одлучила да го предаде претстојниот дуел, а потоа, од истите причини, ги пропушти турнирите во Кина и Јапонија и падна на 13-то место на ВТА листата поради што нема да може да игра на завршниот Мастерс во Сингапур.

Сега, Бушар смета дека поради невниманието на организаторот загубила многу пари од турнирите и од промотивните кампањи и сака да ја наплати отштетата од УС Опен.

Се претпоставува дека вкупната сума која Бушар ја загубила поради падот во Њујорк изнесува околу пет милиони долари, заедно со сите бонуси кои и следуваат за учество на турнирите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.