понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 25

Бушати: Тирана не се меша туку пријателски советува

Бушати кој беше гостин на Германскиот-Маршалов Фонд, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија

133662290

Последни вести

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати кој престојува во Вашингтон, негира дека постоела тиранска платформа и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија.

Бушати кој беше гостин на Германскиот-Маршалов Фонд, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе МТВ. 
Според Бушати, погрешно е платформата да се нарекува тиранска, а Албанија не се мешала, туку дека пријателски советувала.
– Не е прецизно да се каже дека има тиранска платформа. Нема тиранска платформа. Има платформа на албански политички партии за која се дискутираше со Груевски и со Заев. Имаше договор со Груевски што потоа беше одбиен од причини што немаат врска со Албанија, Тирана или премирот Рама. Никогаш не сме се мешале во домашните работи во Македонија и многу сме внимателни при советувањето на пријателски начин, исто така на нашите пријатели во Македонија на начин да не се одговори на провокациите што доаѓаат од улица, истакна шефот на албанската дипломатија.
Бушати избегна да одговори на прашањето од претседателката на американскиот Германско-Маршалов Фонд Карен Донфилд да ја објасни изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за потребата за единство на Косово и Албанија ако не влезат во Европската Унија. Тој го избегна и прашањето од дописникот на Македонската телевизија да биде поконкретен дали обедувањето на Косово и Албанија е почеток на формирање на „Голема Албанија“.
– Мислам дека ја објаснував позицијата на Албанија, на позицијата на албанскиот премиер за стратешкото партнерство што го имаме со Косово. Не можам да додадам ништо друго на тоа, рече Бушати.
Истакна дека Албанија била најдемократската држава на Западниот Балкан и бедем против руското влијание, дека имало назадување на демократијата во Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и во Хрватска.

Најчитани вести