Буш во болница

Порнешниот претседател Џорџ Буш Постариот заврши во болница откако паднал и скршил коска
џорџ буш постариот во болница поради повреда

Поранешниот американски претседател, деведесет и едногодишниот Постариот Џорџ Буш во болница – во неговиот дом во сојузната држава Мејн, паднал и скршил една коска на грбот.

Неговиот портпарол изјави дека здравствената состојба му е стабилна и дека Буш во болница ќе биде „само кусо време“. Во изјавата уште се вели дека пораншениот претседател на САД не се наоѓа во животна опасност. Инцидентот во неговот дом се случил вчера наутро, но не се соопштува како дошло до падот.

Буш Постариот боледува од Паркинсоновата болeст, поради што не може да ги користи нозете, па е прикован за инвалидска количка.

Пред крајот на минатата година, Постариот Џорџ Буш во болница беше поради проблеми со дишењето.

Според неговиот портпарол, поранешниот претседател ќе мора извесно време да носи специјален стегач на грбот, додека не се санира повредата.

Џорџ Буш Постариот е најстариот жив поранешен претседател на САД. Тој е татко на Џорџ Вокер Буш кој беше претседател на САД од 2000 до 2008 година, како и на некогашниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, кој сега е еден од претендентите за републикански кандидат на претседателските избори во 2016 година.