Бушар ја запре Ивановиќ

Српската тениерка Ана Ивановиќ по сензационалната победа над првиот женски рекет Американката Серене Вилијамс, претрпе големо разочарување на првиот грен слем турнир годинава Австралија опен. Таа загуби во четвртфиналето од 19-годишната Канаѓанка, Ежени Бушар со 5:7,7:5,6:2.

Ана освои само 56 отсто од поените на својот прв сервис, забележа 34 винери и 35 неизнудени грешки, додека Бушар брилјираше со 47 директни поени.

Кинескињата Ли На е противникана Бушарвополуфиналето, откако од турнирот ја елиминира Италијанката Флавија Пенета со 6:2,6:2.

На машкиот дел од турнир Томаш Бердих е првиот полуфиналист откако го совлада Давид Ферер во четири сета, со 6:1,6:4,2:6,6:4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.