Бускетс погоди, Барса победи

Реал Мадрид и Барселона ја продолжуваат “мртвата” трка во шпанската Примера дивизион.

Откако “кралевите” славеа во саботата на гостувањето кај Малага, притисокот беше на Барселона да победи на тешкото гостување на “Местаља”.

“Каталонците” се мачеа 93 минути да постигнат погодок, а тогаш оној од кој најмалку се очекуваше постигна гол вреден три бода – Серхио Бускетс. Тој стрелаше прецизно во последната минута од судиското надополнување и донесе многу важна победа за својот тим, особено што е извојувана на така тешко гостување.

По овој триумф Барса повтосно се врати на два бода помалку во однос на лидерот Реал, додека Валенсија падна на петото место со 24 бодови.

Резултати Примера, 13.коло:

Недела:

Атлетико Мадрид – Депортиво 2:0

Севиља – Гранада 5:1

Кордоба – Виљареал 0:2

Валенсија – Барселона 0:1

Сабота:

Селта – Еибар 0:1

Малага – Реал Мадрид 1:2

Еспањол – Леванте 2:1

Хетафе – Атлетик Билбао 1:2

Петок:

Реал Сосиедад – Елче 3:0.

Понеделник:

Алмерија – Рајо Ваљекано