Бутарис: Понекогаш и мене ми се испушта наместо „Скопје” да кажам Македонија

“Лекција по дипломатија одржа солунскиот градоначалник Јанис Бутарис кој што призна дека понекогаш наместо „Скопје” вели Македонија”, коментира грчкиот портал „Јунајтед Репортерс“  за изјавата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис дадена по посетата на Скопје.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, коментирајќи ја посетата на македонскат престолнина пред градскиот совет во Солун, Бутарис изјавил:

„Да бидам искрен, одвреме навреме и мене ми се испушта па,  за „ Скопје” велам Македонија, затоа што земјата е нарекувана така насекаде. Ако отидете во метро во Париз, таму има билборди на кои што пишува „Инвестирајте во Македонија”. Ако пуштите„ “Си Ен Ен” и таму исто така ја нарекуваат”, рекол солунскиот градоначалник.

Грчките националисти и неонацисти предходно го критикуваа Бутарис затоа што држел прес конференција пред банер на кој што пишувало Стопанска комора на Република Македонија.