Бутарис: Терминот „Македонија“ не е закана за идентитетот на Грција

Tерминот „Македонија“ не е закана за идентитетот на Грција, луѓето се  слабо информирани и си замислуваат разни работи“, изјави  градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис по денешниот антимакедонски протест за бугарската телевизија bTV

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис категорично се ограничи од денешниот протест во градот, против правото на Република Македонија да го користи терминот „Македонија“ во своето име. Митингот беше организиран од неколку националистички формации, како и неонацистичката партија Златна Зора.

Според полицијата, околу 30.000 луѓе учествувале во демонстрациите, агенциите известуваата за околу 50.000 демонстранти, додеа организаторите наведуваат 90.000 учесници .

„Многу сум разочаран, бидејќи по 25 години расправии за името на Скопје, ние сме во иста позиција. Психологијата, односот на многу грчки граѓани, не се сменил. Проблемот е што луѓето мислат дека Македонија ќе ни го одземе идентитетот, никој нема да го направи тоа. Тие не се закана за нас. Луѓето се многу слабо информирани, си замислуваат разни работи кои не се вистина, дека тие ќе ни ја украдат историјата, ќе ни ја преземат“, рече Бутарис за bTV.

Градоначалникот Бутарис има клучна улога во преговорите помеѓу властите во Скопје и Атина за името на Македонија, сметаат од бугарската телевизија.