Бутел, Чаир и Сарај утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, четврток, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чаир и Сарај.

Ова се точните локации и временски периоди каде ќе нема електрично напојување:

-во периодот од 08.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од Визбегово кон хотел Њу Стар и корисниците од ул.2. ( општина Бутел)

– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците Џон Кенеди, Кемал Ататурк и Цветан Димов. ( општина Чаир )

– во периодот од 09.30 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Кондово. ( општина Сарај )

– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Скупи б.б – стра пат за Визбегово. ( општина Бутел )