Бутел, Ѓорче, Сарај денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска, четврток, без струја останале дел од корисниците од општините Бутел, Сарај, Студеничани, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров.

Ова се општините каде денеска корисниците немаат електрично напојување:

Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците: Хо Ши Мин, Краишка и Натанаил Кучевишки. ( општина Бутел )

Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец. ( општина Сарај )
Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Студеничани. ( општина Студеничани )

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 1 во село Мирковци. ( општина Чучер Сандево )

Во периодот од 09.00 до 15.15 часот, дел од корисниците од село Орман. ( општина Ѓорче Петров )

Во периодот од 09.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Антон Кецкаров и Лука Геров, како и дел од корисниците од подулиците на ул. Лука Геров. ( општина Ѓорче Петров )