Бутел, Карпош, Сарај утре без струја

Ргионалниот центар за управување со кризи на Град скопје информира дека утре, 18.11, без електрична енергија ќе останат корисниците од повеќе скопски општини.

Ова се улиците каде ќе нема струја:

• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од с.Љубанци. ( општина Бутел)
• од 08:30 до 16:00 часот корисниците од с.Долно Коњаре, с. Средно Коњаре, с. Горно Коњаре, с. Дивље, с. Сушица и с. Живиње. (општина Петровец)
• од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. 1, 2, 3, 4 и 5 во с. Грчец (општина Сарај) и корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од бр. 160 до бр. 186. (општина Карпош)
• од 09:30 до 15:30 часот, корисниците од викендиците во с. Побожје. ( општина Чучер Сандево)
• од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Радишанска (кај Гиго-Маркет). ( општина Бутел)