Бутел утре без вода

Со минерална вода до здраво лице

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, четврток, без вода ќе останат дел од жителите од општина Бутел.

Како што наведуваат од РЦУК на Град Скопје, прекинот ќе биде поради поставување на монтажен воздушен вентил кај старата последна автобуска станица на бројот 57. Без вода ќе останат жителите од улицата Бутелска.

Прекинот ќе биде од 9 часот, па се до монтирање на вентилот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.