Бутрагењо загрижен поради дуелот против Баерн Минхен

Спортскиот директор на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо не делуваше многу среќен по завршување на ждрепката за полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, а единствената причина за таквото расположение е дуелот против актуелниот бранител на тронот, тимот на Баерн Минхен.

“За противник го добивме еден од најпрстижните клубови во целиот свет. Баерн Минхен е актуелен светски и европски клупски шампион и нормално е да изјавам дека добивме еден многу тежок противник. По природа сум многу голем оптимист и убеден сум дека Реал Мадрид ќе избори пласман и во финалниот натпрева од годинашното издание од Лигата на шампиони. Се надевам и дека најпосле ќе ја освоиме јубилејната десетта титула во најпрестижното клупско натпреварување, изјави легендарниот репрезентативец на Шпанија.