Buzz shop е нова димензија во урбаното скопско живеење

buzz

Buzz shop на своите потрошувачи повторно им донесе новитети од глобалното опкружување преку селектирани колекции патики презентирани на посебен начин. Мисијата на овој lifestyle концепт е да промовира нова култура на casual и спортска гардероба преку модерна, поинаква и оригинална презентација.

11111

Оваа мисија од скоро е збогатена со mix tape-от на Гоце САФ, кој е еден од главните виновници за промоцијата и издигнувањето на македонската урбана култура на повисоко ниво. Музика ја одбра специјално за Buzz shop, инспириран од потрошувачите кои редовно ги следат светските трендови а и самите се трендсетери, определени за спортска елеганција која го отсликува нивниот начин на живот – опуштен и “cool”.

1113

Специјално за Buzz mix tape-от, Гоце вклопи ексклузивни ремикси од “The Way It is” од Big Shug кој е дел од Gang Starr Foundation, колектив на хип-хоп артисти од источниот брег на САД; ремикс од “Wake Up“ на Conquering Lion необјавен досега; уште една необјавена трака “Shock Rap“ од STR 2; и интрото на mix tape-от од легендата Jeru The Damaja.

Buzz засекогаш е синоним за добар шопинг, добра забава и поволни цени. Овој настан беше еден од “must” настаните на урбаното живеење во главниот град.